Пјонтек го одведе Милан до четвртфинале во Купот

Милан е новиот четвртфиналист во Купот на Италија откако Росонерите со 3-0 го совладаа Спал на „Сан Сиро“. Избраниците на Пиоли покажаа квалитет против аутсајдерот и очекувано обезбедија место во топ 8.

Пред миланските навивачи блескаше Кжиштоф Пјонтек кој е „виновен“ за два од вкупно трите погоди. Полјакот стрелаше за 1-0 во 20-тата минута, а пред паузата му намести гол на Кастилјехо. Ернандес во вториот дел ги реши сите дилеми, а домаќините можеа со многу поголема разлика да го добијат мечот, бидејќи промашија неколку 100 отстотни шанси.

Милан во четвртфиналето ќе се соочи со Торино.

- Оглас -

Најнови вести