Кжиштоф Пјонтек во новата сезона во Милан ќе го носи дресот со бројот 9, наместо 19-ката, која ја имаше на грбот во полусезоната по доаѓањето од Џенова.
Но, за разлика од минатото, кога деветката ја носеа легенди како Инѕаги, Веа, Клајверт, Баџо, Масаро, Папен, Ван Бастен, Серена, Нордал, Лидхолм, бројот 9 во Милан не е баш среќен за напаѓачите во последните седум години.
По заминувањето на Филип Инѕаги во 2012 година, ниту една деветка на Милан не се прослави. Потфрлија Игуаин, Андре Силва, Лападула, Луиз Адријано, Торес, Дестро, Матри и Пато. Дали оваа низа ќе ја продолжи или ќе ја прекине Пјонтек, одговорот ќе се добие за десетина месеци.
Инѕаги од 2001 до 2012 со успех (даде 126 гола) го носеше дресот со бројот 9, но тој е последната голема деветка на „росонерите“.
Милан имаше и други напаѓачи како Бака, Калиниќ, Балотели и Пацини, кои не ја носеа деветката, но не се прославија со многу голови.