Пјонтек се разбуди по четиримесечен „сон“

Милан ја победи Верона со 1-0, а единствениот гол падна од пенал, чиј реализатор беше Кжиштоф Пјонтек. За Полјакот ова е прв гол во дресот на Милан од 19 мај наваму. Пјонтек од април наваму имаше само еден погодок и вечерва конечно успеа да ги прекине малерот и црната серија без погодок.

Пјонтек во финишот на средбата даде уште еден гол, но тој му беше поништен, па засега сезонава во Серија А има само еден гол. Милан во првото коло загуби со 0-1, а сега две кола по ред ги добива со истиот резултат.

За Верона ова е прв пораз сезонава. Тимот 70 минути играше со човек помалку откако во 21-вата минута им беше исклучен Степински. Во 94-тата минута и Калабрија од Милан доби црвен картон.

- Оглас -

Најнови вести