Пјонтек станува миленик во Фиренца – Жешко беше на дуелот меѓу Фиорентина и Аталанта (ФОТО)

Душан Влаховиќ станува минато во Фиорентина а навивачите на овој тим имаат нов миленик. Тоа е Криштоф Пјонтек кој постигна нов гол за тимот од Фиренца и тоа во победата над Аталанта од 1:0, во жешкиот натпревар од 26-то коло во Серија А.

По досадното прво полувреме, Полјакот погоди за голема радост на „Артемио Франки“ во 56-та минута. Само неколку мигови потоа, гостите израмнија преку Руслан Малиновски но по консултација на ВАР, голот беше поништен.

Неговиот соиграч Хатебур беше во офсајд и тоа минимален, но не влијаеше на играта односно во акцијата за голот. Сепак, главниот арбитар го поништи голот. Следуваше нервозна реакција од тренерот на гостите, Џанпјеро Гасперини кој што доби црвен картон.

Со оваа победа, Фиорентина сега има 42 бода и е на седмото место и се приклучува пшолека но сигурно во борбата за пласман во Лигата на шампионите. Аталанта, пак е петтопласирана со 45 бода.

- Оглас -

Најнови вести