23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Пјуник си купи поранешен младински репрезентативец на Македонија за дуелите со Шкупи

Пјуник ќе има македонски адут за двомечот со Шкупи во стартното квалификациско коло за настап во Европа Лигата. Поранешниот наш младински репрезентативец Антонио Станков потпиша за ерменскиот клуб и ќе има право да настапи на 11. и на 18. јули против Шкупи.

„Се радувам што пристигнав во клуб со големи амбиции. Пјуник е класа клуб што ќе ми овозможи да играм и во квалификациите за Европа Лигата. Се надевам дека ќе се пласираме во фаза по групи. И ерменската лига напредува постојано“, изјави Станков.

Антонио има 20 настапи за македонската млада селекција за играчи до 21 година, а во Пјуник пристигна од холандскиот второлигаш Дордрехт.

Пјуник на 11. јули ќе му биде домаќин на Шкупи, а реваншот е во Скопје седум дена подоцна.

 

- Оглас -

Најнови вести