Плачењето му помогна? Поништен црвениот картон на Сон

Фудбалската асоцијација на Англија го поништи црвениот картон кој му беше доделен на Сон Хеунг-мин од Тотенхем добиен за прекршокот по кој Андре Гомес од Евертон се здоби со скршен глужд на десната нога.

Снимката покажа дека Сон навистина го сопна Гомес, но потоа Португалецот се судри со Орие, па всушност тогаш настрада фудбалерот на Евертон, кому му претстои долга пауза од терените.

Од Тотенхем поднесоа жалба, која беше прифатена, па Сон ќе може да игра уште викендов. Ако црвениот картон останеше, Сон ќе пропуштеше три натпревари.

Кореецот многу емотивно го доживеа кршењето на ногата на Гомес, долго време не можеше да се соземе од шокот, плачеше од тага, но по оваа одлука, можеби ќе му биде полесно бидејќи ќе биде отфрлено обвинението дека тој е виновен за тешката повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести