Пладневно матине за МЗТ Скопје Аеродром и Кожуф, како најава за маратонски куп возбудувања и вкупно четири меча

Осумте најдобри кошаркарски екипи денеска ја стартуваат битката во Купот на Македонија за трофејот кој го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски-Буштур. Во „СРЦ Кале“, токму напладне ќе започне маратонот од четири меча возбудувања, а први на мегдан ќе излезат МЗТ Скопје Аеродорм и Кожуф.

Аеродромци имаат 10 победи во последните 10 дуели против овој ривал, но секогаш мора да се има внимание затоа што Куп-натпреварите се посебна инспирација.

Многу поголема неизвесност се очекува на дуелот кој е закажан од 14:30 часот меѓу Гостивар и Феникс. За 15 месеци овие два тима играле петпати, а двете екипи имаат по две победи во регуларен дел, а еднаш заврши нерешено, па во дополнителните пет минути славеше Феникс.

Пелистер влегува со големи амбиции во Купот, а прв ривал им е Еуро Никел. Најчесто на дуелите на овие екипи, разликата на крајот е едноцифрена, што само покажува дека решава моменталната инспирација. Овој дуел се игра од 17 часот.

Како шлаг на маратонот ќе биде дербито меѓу Работнички и ТФТ Скопје. Екипата на ТФТ е актуелен бранител на тронот, додека трофејниот Работнички секогаш знае да биде опасен ривал. Дербито се игра од 19:30 часот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести