Пламен Константинов веќе не е селектор на Бугарија

По освоеното незадоволително деветто место на Светското првенство во одбојка, на кое Бугарија беше еден од домаќините заедно со Италија, Федерацијата на нашиот источен сосед се откажа од услугите на селекторот Пламен Константинов.

Шпекулациите дека Константинов ќе биде разрешен беа силни во првите денови по завршувањето на првенството на кое Полска ја освои титулата, потоа се намалија, но тоа било само привидно и Пламен сепак го напушта кормилото.

Константинов имал состанок со претседателот на Бугарската одбојкарска федерација, Данчо Лазаров, и се договориле дека е најдобро соработката да биде прекината. Константинов како тренер работи во Русија.

 

- Оглас -

Најнови вести