Планината од „Игри на престолот“ стана прв човек кој кренал над 500 кг. (Видео)

Исланѓанецот Хафтор Бјернсон, стана првиот човек во историјата кој успеал да крене тежина од над половина тон. Тој крена тег од 501 килограм, и со тоа го урна стариот рекорд од 500 килограми на Британецот Еди Хол.

Бјернсон пошироката јавност го знае како човек кој го глумеше ликот со прекар Планината (Mountain) во серијата „Игри на престолот“ (Game of Thrones).

Бидејќи коронавирусот ги прекина официјалните натпреварувања и во кревање тегови, рекордот од 501 килограм не се случи на натпреварување, туку во неговата сала за тренинзи во Исланд. Сето тоа беше снимено, но не се знае дали подвигот ќе биде признаен од светската федерација во овој спорт.

- Оглас -

Најнови вести