Селекторот Игор Ангеловски со комплетен состав го одработи првиот тренинг во пресрет на финалето против Грузија, во кое Македонија ќе се бори за историски прв пласман на едно големо натпреварување, а тоа е претстојното Европско првенство кое ќе се одржи идното лето.
Сите репрезентативци кои беа повикани за ноемврискиот репрезентативен циклус тренираа на арената „Тодор Проески“. Планот како да се надигра Грузија веќе е скроен, останува да се реализира, а до 12 ноември ќе се извршат последните подготовки.