Планот на Солскјер: Ќе избрка 14 играчи, се создава нов Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед зад себе има уште една сезона за заборав. Најтрофејниот англиски клуб не само што остана без ниту еден пехар, туку не успеа да се избори ниту за место кое води во Лигата на шампионите. Кога се работи за титула во Премиер лигата, таа е сон уште од заминувањето на легендарниот Сер Алекс Фергусон.

Пред неколку месеци, на клупата на Манчестер беше доведен Оле Гунар Солскјер. Човекот кој како играч им има донесено европска титула на „црвените ѓаволи“ беше доведен како привремено решение, но потоа доби тригодишен договор. Според најавите, Солскјер ќе направи голема чистка во составот на Манчестер. Се очекува заминување дури на 14 фудбалери, а со тоа да почне и создавањето на новиот Манчестер.

Од клубот веќе си замина Ерера, слободни се Мата, Валенсија, а се чекаат понуди за Дармијан и Лукаку. За Лукаку најзагреан е Интер, но засега трансферот не е реализиран.

„Метлата“ може да го фати и ветеранот Ешли Јанг, а место во екипата нема да има ниту за неколку млади играчи кои не успеаја да се наметнат за место меѓу стартерите. Многу работи ќе зависат и од иднината на Алексис Санчес. Солскјер сака да го „откачи“, но тешко дека ќе се најде клуб кој би ја плаќал високата плата која Чилеанецот ја добива на „Олд Трафорд“.

Според прогнозата, Солскјер треба да направи „нов“ тим до 2020 година, а потоа да се тргне кон освојување на пехари.

- Оглас -

Најнови вести