Фудбалската репрезентација на Србија синоќа претрпе дебакл од Англија на „Маракана“, но и на овој натпревар продолжи политичките пресметки кои се секојдневие кај нашиот северен сосед повеќе од една година.
Речиси нема натпревар во Србија без скандирања против актуелниот режим и претседателот Александар Вучиќ, со таа разлика што во последните недели е забележан нов начин за обид за замолчување на оние што го прават тоа.
Прво на Европското кошаркарско првенство во Рига, а сега и на натпреварите на домашен терен, платени тепачи седеа на трибините и ги напаѓаа оние кои се осудуваа да пеат или да скандираат против власта.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) September 9, 2025