Швајцарскиот суд првостепено ги ослободи поранешните претседатели на УЕФА и ФИФА, Мишел Платини и Сеп Блатер, во случајот со спорното плаќање од два милиона швајцарски франци, поради кое им беше забрането да работат во фудбалот.
Сепак, конечната одлука ќе ја донесе Вонредниот апелационен суд на 25 март во Мутенц. Доколку бидат прогласени за виновни, Платини и Блатер се соочуваат со казна затвор до пет години.
Тужителот Томас Хилдбранд побара условна затворска казна од 20 месеци, тврдејќи дека Платини измамил со прикажување „лажна фактура“ за веќе исплатена работа извршена помеѓу 1998 и 2002 година.
Судот оцени дека е „невообичаено“ договор од толкава вредност да биде направен без писмен доказ или сведоци, но бидејќи не е со сигурност докажана измамата, Платини и Блатер се ослободени.