Платини предлага промена на основното фудбалско правило кое важи 124 години

Еден од најдобрите европски фудбалери на сите времиња, трикратен освојувач на Златната топка и експретседател на УЕФА, Мишел Платини, предлага една драстична промена во фудбалот, за која смета дека е издржана, а објасни и зошто.

Платини предложи да се намали бројот на играчи на теренот и наместо 11-мина, на теренот да бидат по 10-мина играчи од секој тим сосе голманот.

„Можеби треба да извадиме еден човек и да играме со 10-мина играчи на теренот. Во 1900 година беше решено тимовите да имаат по 11-мина играчи, но во тоа време играчите трчаа помалку отколку денес. Тие беа помалку силни, беа побавни. Затоа можеби би било добра идеја да се намали бројот на играчи, ова ќе ослободи простор на теренот“, изјави Платини.

- Оглас -

Најнови вести