8.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Плејофот го отвораат Алкалоид и Вардар, вечното дерби во второто коло

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за плејоф-разигрувањето за шампионската титула во Суперлигата.

Уште во првото коло ќе има големо дерби бидејќи лидерот Вардар ќе гостува во Автокоманда. Останатите двојки за првото коло се: Тиквеш – Еурофарм Пелистер и Бутел – Охрид.

Вечното дерби помеѓу Вардар и Пелистер се игра во второто коло во Скопје, а титулата секако дека ќе се одлучува и на натпреварите на кои ќе играат и Алкалоид и Охрид.

Плејофот започнува веќе претстојниов викенд.

- Оглас -

Најнови вести