Голден Стејт вориорс – ЛА Клиперс (02.00 часот)
Актуелниот првак има одредени проблеми со составот, Дрејмонд Грин и Шон Ливингстон се неизвесни, но и без нив, домашните би требало да слават. Пред само пет дена, Клиперс гостуваше во Оукленд и не си помина добро, загуби со 27 разлика. Последната победа на Клиперс кај Голден стејт е од јануари 2018, а потоа губеше трипати во три ефикасни мечеви, со над 230 поени.
Предлог тип: >232.50 (1.88)
Денвер нагетс – Сан Антонио спарс (04.30 часот)
Квалитетот можеби е на страна на Нагетс, но Спарс е искусен тим и не смее да биде отпишан. Денвер дома загуби само еден од последните седум меча, а има и серија од четири победи по ред на свој терен против Спарс. Ова треба да биде „единица“, но разликата веројатно нема да биде 28 разлика како пред десет дена.
Предлог тип: 1 (1.50)
Торонто репторс – Орландо меџик (23.00 часот)
На хартија, канадскиот тим е голем фаворит, Торонто беше втор на Истокот во регуларната сезона, но плејофот е сосема друга приказна. Сезонава „магичните“ двапати гостуваа во Торонто и имаа по една победа и пораз, со тоа што даваа 109 и 113 поени. Во февруари, Репторс даде само 98, а потоа на 2 април, 121 поен против Орландо.
Предлог тип: Х 2 -8.50 (1.88)
Бостон бруинс – Торонто мејпл лифс (02.00 часот)
Канадскиот тим победи во Бостон во првиот меч и води со 1-0, па може да си дозволи да игра послободно и да чека серијата да се пресели во Торонто, но нема да се откаже од намерата дома да се врати со предност од 2-0. Триумфот од 4-1 на првиот дуел покажува дека Бруинс ќе има проблем. Бостон дома не победил од 28-ми март.
Предлог тип: 1 (2.15)
Калгари флејмс – Колорадо авеланч (04.30 часот)
„Лавината“ од Колорадо ја немаше никаде на првиот меч од оваа серија, Калгари триумфираше со чисти 4-0. Канадскиот тим кој беше прв на Западот во регуларната сезона, повторно е фаворит против Колорадо кој беше осми. Од последните осум меѓусебни дуели во Калгари, седум доби домашниот тим, па и традицијата најавува „кец“.
Предлог тип: 1 (1.80)