Плишкова ја врати титулата во Бризбејн, сефте за Нишикори

Катарина Плишкова се врати на врвот во Бризбејн и по вторпат во три години е победничка на тенискиот турнир, а во машка конкуренција нов шампион е Кеи Нишикори.

Плишкова успеа да направи пресврт во финалето против Лесија Цуренко, откако Украинката поведе со 1:0. Го доби првиот сет со 6:4, но потоа возврати шампионката од 2017 година и израмни на 1:1. Во решавачкиот сет чешката тенисерка беше супериорна, го доби со 6:2 и освои нова титула на тунирот кој е лакмус за формата на тенисерките пред настапот на Австралија опен.

Во три сета се играше и машкото финале, а Нишикори го покори Медведев. Вториот носител од Јапонија го доби првиот сет со 6:4, потоа Медведев ја презеде иницијативата и израмни на 1:1, но попушти во сетот што одлучуваше.

Нишикори беше подобар во финишот, славеше со 6:2 и ја освои 12-та титула во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести