Пливачка од Словачка колабираше после трка на ЛОИ во Париз

Пливачката од Словачка, Тамара Поточка, колабираше по завршувањето на трката на 200 метри мешано. Таа загуби свест, но за среќа веднаш реагираше лекарската служба крај базенот. Откако и укажаа прва помош, таа со помош на кислородна поддршка беше одведена во соблекувалната.


Информациите говорат дека словачката пливачка се чувствува добро, но ќе замине на детални лекарски прегледи.


Поточка се натпреваруваше на 200 метри мешано, и во третата група заврши на седмото место со време од 2:14:20 минути.

- Оглас -

Најнови вести