Винс Картер во 2000 година му покажа на светот како се забива немилосрдно. На своја кожа најдобро тоа го почувствува Французинот Фредрик Вајс, кој беше жртва на монтсруозниот потег на популарниот Винсенити за време на Олимписките Игри кои пред 19 години се одржаа во Сиднеј.
Речиси две децении подоцна, новакот на Мемфис Гризлис Жа Морант, успешно го копираше забивањето на Картер. Морант го прелета Кевин Лав и предизвика овации, додека на ѕвездата на Кавалирс му даде постер за спомен.