По 10 години ќе си оди од Сити, следната дестинација ќе му биде во Италија

Давид Силва во изминативе 10 години се стекна со статус легенда на Манчестер сити. Шпанецот остана верен на Граѓаните цела деценија, па затоа ја стекна и довербата да биде и капитен на англискиот тим. Поради пандемијата со Коронавирусот, Силва нема да го добие заслуженото испраќање од навивачите.

Најавите беа дека Силва кариерата ќе ја продолжи во Интер Мајами во САД, но сега има промена на планот. Италијанските медиуми најавуваат дека Силва со сигурност ќе се пресели во Серија А, и тоа во тимот на Милан. Росонерите веќе имале разговори за доведување на Силва, а сега треба да се договори финансискиот дел.

За десет години поминати во Сити, Силва освои четири титули во Премиер лигата и вкупно 13 трофеи со англискиот тим, а вистински предизвик ќе биде да му помогне на Милан да се врати на старите патеки.

- Оглас -

Најнови вести