28.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

По 12 години Евертон конечно го надигра Тотенхем во Лондон (видео)

Евертон со три бода се враќа од гостувањето во Лондон по победата над Тотенхем од 1-0 во премиерното коло во новата сезона. За триумфот на Карамелите погоди Доминик Калверт-Луин во 55-тата минута по одличното нафрлување од Дињ, што беше доволно за синиот тим од Мерсисајд да стави крај на една долга традиција.

По 12 години и исто толку гостувања во главниот град на Англија, или 13 меча ако се смета дуелот од англискиот Куп, Евертон конечно се израдува во средба против Петлите, а воедно му нанесе главоболки на Жозе Мурињо уште на стартот од првенството.

https://twitter.com/i_bzzz/status/1305185473753747457

- Оглас -

Најнови вести