33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

По 15 години, Луксембург доби нов селектор

Џеф Штрасер е фудбалскиот стратег кој е наименуван за нов селектор на репрезентацијата на Луксембург. Штрасер како играч бил дел од екипите на Мец и Стразбур во Франција, а во Германија има настапувано за Кајзерслаутерн и Борусија Менхенгладбах. Има и 98 настапи во репрезентативниот дрес на Луксембург.

По завршување на играчката кариера, Штрасер беше и тренер на Кајзерслаутерн, а потоа се префрли во татковината и таму работи како тренер. Сега е назначен за нов селектор на Луксембург, доаѓајќи на местото на Лук Холц.

Интересно е дека Холц беше селектор на Луксембург цели 15 години, а сега си дава отказ за да може да работи како тренер во германскиот третолигаш Манхајм.

Новиот селектор има 15-тина дена за да се запознае со фудбалерите и да ја подготви тактиката пред дуелот против Северна Ирска во кваливикациите за пласман на Светско првенство во 2026 година кое ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

 

- Оглас -

Најнови вести