По 17 години во Јувентус, Кјелини облече друг дрес, легендарниот дефанзивец претставен во Лос Анџелес

Џорџо Кјелини се стекна со статусот на легендарен фудбалер во дресот на Јувентус благодарение на 17-те години поминати кај Старата дама. По завршување на сезоната во Серија А, Кјелини реши дека е време да си замине и за негов следен клуб го одбра Лос Анџелес.

„Сигурен сум дека ова е вистинскиот клуб за мене“, рече Кјелини на промоцијата во Лос Анџелес.

Тимот од ЛА моментално е лидер во првенството на САД со 33 бода од 16 меча, а со доаѓањето на 37-годишниот Кјелини, одбраната треба да биде уште посигурна. Освен Кјелини, во Лос Анџелес летово потпиша и Герет Бејл, што значи дека оваа екипа ќе има две нови големи европски ѕвезди во својот состав.

„Лос Анџелес е фантастичен град и навистина ќе биде навистина да живеам тука. Не знам што ќе се случува во наредните месеци, но сигурен сум дека ќе го памтам цел живот. Мислам дека ова е перфектниот тим за мене затоа што тука има и многу млади играчи кои исто така ќе ми бидат од помош. Јас не можам да бидам во иста физичка подготовеност како пред 10 години, но со моето искуство можам да им донесам квалитет. Мислам дека ги имаме сите предиспозиции да бидеме тим со победнички менталитет“, рече Кјелини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести