Фудбалерите на Круз Азул се нови шампиони на Мексико, откако во мечот за титулата, со 2:1 славеа во дуелот со Леон. За Круз Азул ова е прва шампионска титула по пауза од 1997 година, а херој во финалето беше 28-годишниот Уругваец Џонатан Родригес.
Повремениот уругвајски репрезентативец во Круз Азул дојде во 2019 година и одлично се снајде. Во 83 меча даде 40 погодоци, а двата највредни беа на мечот против Леон, кои вредат шампионски пехар. Родригес погоди за 1:0 во 60 минута, а само седум минути подоцна повторно беше прецизен за удвојување на водството.
До крајот на средбата, Леон со погодок во 82 минута намали на 1:2, но не успеа да стигне до нерешено, па на крајот се радуваа фудбалерите на Круз Азул.
За Круз Азул ова е вкупно девета шампионска титула во клупската историја.