По 258 дена чекање го кренаа шампионскиот трофеј, а потоа стигнаа до најлошиот резултат во последните пет години!

Аргентинскиот шампион Бока јуниорс конечно ги прими медалите и трофејот за титулата во сезоната 2019/20. Тоа се случи точно 258 дена откако во инфарктна завршница Бока стигна до трофејот.

Во последното коло од шампионатот одиграно во март, Бока минимално со 1:0 славеше над Химнастик ла Плата каде што тренер е Диего Армандо Марадона, додека Ривер во последното коло ја испушти шампионската позиција. Веднаш по ова коло, фудбалот во Аргентина беше „затворен“ поради пандемијата со Коронавирусот.

Дури осум месеци подоцна, фудбалот повторно се врати на терените во Аргентина, а конечно, по 258 дена чекање, дојде време Бока јуниорс да го крене шампионскиот трофеј.

Прославата се случи на стадионот „Бонбонера“ пред дуелот против Ланус, во четвртото коло од турнирот на Купот на професионалната лига.

Бока загуби на свој терен со 1:2, а тоа беше втор пораз во низа на свој терен. Два порази по ред на „Борнбонера“, Бока немала во последните пет години, но и покрај овој лош резултат, не се наруши шампионската атмосфера во аргентинскиот гигант.

 

- Оглас -

Најнови вести