Легендарниот тренер Жељко Обрадовиќ се врати во клубот од каде што започна сè. Седна на клупата на Партизан, каде што точно пред 30 години ја започна тренерската кариера. Обрадовиќ во изминативе три децении стана синоним за успеси, па Србинот е најтрофејниот тренер во Европа. Има освоено 63 клупски титули, од кои девет се во елитната Евролига, и тоа со пет различни клубови (петпати со Панатинаикос и по еднаш со Партизан, Хувентут, Реал Мадрид и Фенербахче).
Враќањето на Обрадовиќ во Партизан значи дека Црно-белите се подготвени за освојување нови трофеи во сите натпреварувања во кои ќе играат. Вечерва Партизан гостува кај Задар во првото коло од регионалната АБА лига, а сите очекуваат лесна победа на гостите.
„Овој меч ќе биде специфичен затоа што е прв. Мислам дека играчите со нетрпение го чекаат почетокот на АБА-лигата и домашното првенство. Изминатиов период напорно работевме и сега најважно е тоа да го покажеме на теренот. Го гледавме и го анализиравме Задар, тим кој заслужува респект. Ќе мора да одиграме фокусирано доколку сакаме да направиме добар резултат на ова гостување“, рече Обрадовиќ.
Според квотите во Sport Life, Партизан е голем фаворит за победа, па се очекува лесен триумф изразен со двоцифрена предност на гостите.