Ливерпул и официјално го доби пехарот наменет за најдобриот тим во Англија за сезоната 2019/20. По пауза од 30 години, трофејот блесна на „Енфилд роуд“, но ниту еден навивач немаше на трибините да се израдува на овој успех. Поради пандемијата со корона-вирусот, мечевите во Англија се играа без публика, па фудбалерите на Ливерпул сами мораа да се радуваат на големиот успех.
Џордан Хендерсон е човекот кој прв го крена трофејот по цели три децении чекање.
https://twitter.com/i/status/1286055733486911490