По 487 дена, Федерер повторно играше на гренслем и постави рекорд

Роџер Федерер одигра блескав меч во првото коло од гренслем-турнирот во Париз и со 3:0 во сетови го елиминира Денис Истомин од Казахстан. За швајцарската тениска легенда ова беше прв меч на гренслем-турнир по точно 487 денови и победи.

На Федерер му беа потребни само еден час и 35 минути да победи со 6:2, 6:4, 6:3 во сетови. Интересно е што оваа победа на Федерер е и рекордна. Ова беше 363-та победа за Федерер на еден од четирите најголеми турнири, надминувајќи го постигнувањето на Серена Вилијамс. Американката вечерва ќе има можност да го стигне Федерер затоа што Серена ќе игра во првото коло на женскиот дел од турнирот во Париз.

Федерер во второто коло ќе има многу потешка задача затоа што го очекува дуел против Хрватот Марин Чилиќ. Од големите фаворити, без проблем помина и Данил Медведев, кој со 6:3, 6:3, 7:5 го победи Александар Бублик. Во следното коло се пласираа и Крајиновиќ, Синер, Иснер, Делбонис, Пол, Руд, Мунар…

Утре на терените на Ролан Гарос треба да се појават и двајцата најголеми фаворити Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

 

- Оглас -

Најнови вести