По 67 години, Милан го повтори најдобриот старт во клупската историја!

Милан минимално со 1:0 го победи Торино, но и тоа е доволно за да се освојат трите бода. Оливие Жиру беше прецизен во 14-тата минута, момент кој се покажа како клучен на дуелот на „Сан Сиро“.

Со овој триумф, Росонерите се искачија на врвот на табелата во Серија А со 28 од можните 30 бодови од 10 кола. Милан само еднаш во историјата имал девет победи и едно реми во почетните 10 кола, а тоа било во далечната 1954/55 сезона.

Низ историјата на Серија А натпреварувањето, само Рома во сезоната 2013/14 била со перфектни 10 победи на стартот, а само Наполи, Торино и Јувентус може да се пофалат дека низ историјата стартувале со девет победи и едно реми.

 

- Оглас -

Најнови вести