По Алекс Фергусон, Солскјер е прв тренер на Манчестер со вакво признание

Оле Гунар Солскјер е прогласен за најдобар тренер во Премиер лигата за јануари 2019 година. Солскјер е првиот менаџер на „црвените ѓаволи“ по Алекс Фергусон. Легендарниот Сер Алекс ја доби оваа награда во октомври 2012 година, сезоната кога Манчестер јунајтед за последен пат се израдува на титула во Премиер лигата.

Солскјер седна на клупата на најтрофејниот англиски клуб во средината на декември и едноставно го препороди. Со него на чело, тимот има девет победи и едно реми во 10 меча во сите натпреварувања. Во јануари, Манчестер победи три пати (против Њукасл, Тотенхем и Брајтон), а ремизираше против Барнли. Во декември, норвешкиот стратег имаше три победи по ред, што значи дека за еден и пол месец нареди шест победи и едно реми во Премиер лигата.

Следниот предизвик за Солскјер и Манчестер во Премиер лигата е утрешното гостување кај Фулам.

- Оглас -

Најнови вести