33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

По Арнаутовиќ, Црвена ѕвезда подготвува уште две нови спектакуларни трансфери

Марко Арнаутовиќ во следната сезона ќе го носи дресот на српскиот првак Црвена ѕвезда. Со доаѓањето меѓу Црвено-белите, Арнаутовиќ стана најскапиот фудбалер во историјата на клубот.

Најавите се дека Арнаутовиќ нема да биде последно големо засилување на Црвена ѕвезда. На стадионот „Рајко Митиќ“ се подготвуваат уште два спектакуларни трансфери.

Црвено-црните тргнаа по потписот на некогашниот репрезентативец Филип Костиќ кој има 32 години. Костиќ е дел од тимот на Јувентус, но Старата дама не смета на Србинот за новата сезона, па најверојатно ќе биде даден на позајмица.

„Српскиот првак се обидува да потпише со уште една ѕвезда ветеран. Клубот го сака Филип Костиќ кој моментално е под договор со Јувентус, но за него таму нема иднина“, стои во пишувањето на германскиот весник „Кикер“. Освен од Звезда, Костиќ има понуда и од Олимпијакос.

Опција за српскиот првак е и Марко Грујиќ од Порто. И овој српски фудбалер нема добра иднина во португалскиот гигант и може да бара нов клуб, па Црвена ѕвезда тука ја гледа својата шанса.

 

- Оглас -

Најнови вести