По Бејл, и Иско му кажа збогум на европскиот првак

Иско Аларкон ја завршува деветгодишната епоха со Реал Мадрид, потврди денес актуелниот шпански и европски шампион.

Шпанскиот плејмејкер како слободен играч заминува од „Сантијаго Бернабеу“ по истекувањето на договорот, а од навивачите се прости на најдобар можен начин освојувајќи ги двете најзначајни титули во изминатата сезона.

Иско во Мадрид пристигна како 21-годишен талент од редовите на Малага, од него се очекуваше многу, но чести повреди и недоверба кај тренерите не му гарантираа место во стартниот состав. Сепак, издржа речиси една деценија во редовите на Кралскиот клуб освојувајќи дури 19 трофеи, од кои 5 се во Лигата на шампионите.

Претходно денес Кралевите се простија и со Герет Бејл, кој исто така го напушти клубот по завршувањето на соработката.

- Оглас -

Најнови вести