По бекот, сега и тренер на Сакраменто доби награда од НБА

Тренерот на Сакраменто кингс, Мајк Браун, е прогласен за најдобар тренер во сезоната 2022/23.

Под негово водство, Сакраменто го заврши регуларниот дел од сезоната како третопласиран тим во Западната конференција и по пауза од 17 години, Кралевите играат во плејофот.

Во првото коло од плејофот, Сакраменто води со 2:0 во победи против актуелниот шампион Голден стејт вориорс.

Ова е вторпат во кариерата на Браун да биде избран за тренер на годината, првиот пат оваа награда ја доби во 2009 година, кога седеше на клупата на Кливленд кавалирс.

Вчера награда доби и Деарон Фокс, кој беше прогласен за најдобар кошаркар во неизвесните завршници.

- Оглас -

Најнови вести