32.8 C
Skopje
четврток, 17 јули 2025

По блескавите пет меча во низа, Меси и другарите претрпеа тежок пораз

Интер Мајами претрпе тежок пораз од 3:0 на гостувањето кај Синсинати, во меч од првенството на МЛС-шампионатот во САД. Пред дуелот, гостите од Мајами беа во улога на фаворити, но на теренот Синсинати беше тимот кој доминираше.

Домаќините поведоа со гол во 16-тата минута, а сите дилеми околу победникот беа решени до 70-тата минута, кога Синсинати водеше веќе со 3:0. Кај Интер во составот беа и поранешните ѕвезди на Барселона, Лионел Меси, Луис Суарес, Серхио Бускетс и Жорди Алба, но беа немоќни да го сопрат налетот на домаќините.

Интер Мајами имаше пет победи по ред во првенсвото, а Меси на тие пет меча даде вкупно 10 гола. Оваа добра низа за Меси и тимот од Мајами заврши утрово, на гости кај Синсинати.

- Оглас -

Најнови вести