Вардар и Шкендија мораа да се задоволат со по еден бод на денешното дерби во Скопје, а истото се однесува и на Воска спорт и Шкупи кои истотака се во ситуација каде еден тим се бори за опстанок, друг за титула.
Во Маџари, Вардар поведе со гол на Лемос, а Аганспахиќ изедначи во 80-та минута. На дербито имаше убава атмосфера, прекин по кој беше покажан по еден црвен картон за двата тима, а конечните 1-1 се резултат со кој ќе мора да се помират.
Голем победник денеска е Македонија Ѓорче Петров, која победи со гол од пенал против Тиквеш и најави дека уште не се откажала од опстанокот.
РЕЗУЛТАТИ: Брегалница – Гостивар 0-0, Македонија Ѓорче Петров – Тиквеш 1-0, Силекс – Брера Струмица 2-1, Вардар – Шкендија 1-1, Воска спорт – Шкупи 0-0.