По Бонучи, уште двајца клучни играчи ставаат нови потписи на договори со Јувентус

Италијанскиот првак Јувентус ќе им ги продолжи договорите на Хуан Квадрадо и голманот Војќех Шченсни. Квадрадо дојде во Торино во 2015 година, а според најавите, новиот договор ќе го задржи до 2022 година. Колумбиецот не е некоја голема ѕвезда, но со своите игри покажува дека е еден од поважните фудбалери во играта на италијанскиот првак.

Шченсни е голманот кој ја доби довербата да го наследи Џиџи Буфон кога легендарниот чувар на мрежата замина во ПСЖ. Кога Буфон по една година се врати во Јувентус, му стана резерва на Шченсни. Полјакот ќе го продолжи договорот на уште три сезони, што значи дека ќе остане во Торино до 2024 година.

Јувентус неодамна му го продолжи договорот на Леонардо Бонучи и најави дека тоа ќе го направи со уште неколку фудбалери за кои смета дека се клучни во играта и кои би требало да играат и во следните неколку сезони.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести