По четири години дознаа дека бил на прослава на титулата на најголемиот ривал и му врачија отказ

Бизарен случај го чинеше отказ тренерот на голманите на Порто, Елдер Ескулкас, кој беше ангажиран во тимот на возраст до 16 години на популарните Змаеви, а причината е фотографија од 2016 година.

Беше објавена дури по 4 години, а Ескулкас бил на прославата на Бенфика по освоената титула во 2016 година. Образложението за отказот е дека кај него нема доволно лојалност и припадност кон Порто, за да ги тренира идните голмански ѕвезди на 29-кратниот португалски првак.

Порто е втор на вечната листа со шампионски круни, токму зад Бенфика со 37 и ривалитетот на двете најтрофејни екипи во Португалија е огромен, па ваков кикс, иако се случил пред четири години не му беше простен на 35-годишниот тренер.

Интересно е што Ескулкас во моментите кога присуствувал на прославата на Бенфика пред четири години, не бил дел од тренерскиот кадар во Порто.

- Оглас -

Најнови вести