По четири месеци, Вардар конечно ќе биде домаќин на арената „Тодор Проески“

Повеќе од четири месеци поминаа откако Вардар го одигра последниот меч на арената „Тодор Проески“. Тоа беше на 9 ноември минатата година, кога со 3:1 го победи Тиквеш. По тој меч, Вардарци одлучија да играат на тренинг-центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.

Сега челниците на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија одлучија дека е време Вардар да се врати во својот винстински дом, на Арената. Тоа ќе биде на првиот меч од третиот решавачки круг во домашното првенство.

Според распоредот, Вардар на 14 март (сабота) од 14:30 часот ќе ја пречека струмичка Брера. Билетите за овој меч се пуштени во продажба и чинат по 200 денари, а може да купите ТУКА.

Вардар е лидер на табелата со 55 бода, три повеќе од второпласираната Шкендија, која има 52 бода.

- Оглас -

Најнови вести