Јувентус со 2:1 ја победи Монца на гостински терен во меч од 17 коло на Серија А. Старта дама на последните четири дуели во првенството играше нерешено, но оваа низа конечно е шрекината и тоа со победа на теренот кај екипата која е последнопласирана во Серија А.
Вестон Мекини погоди во 14 минута за водство на фаворизираниот гостин, но Бириндели израмни и тоа само осум минути подоцна. Јувентус брзо ја врати предноста од еден гол кога Нико Гонзалес беше прецизен за 2:1 во 39 минута. На крајот, овој погодок на Гонзалес се покажа како клучен за триумф на гигантот од Торино.
Сите три голови од овој меч, може да ги видите ТУКА.