Италијанската фудбалска репрезентација убедливо со 3:0 загуби на гостувањето кај Норвешка, во нивниот прв меч од квалификациите за Светско првенство 2026 година. Норвежаните блеснаа во првото полувреме и постигнаа три гола, за нивна трета победа во третиот меч и сега имаат максимални девет бодови во нивната група.
Италија прв пат во репрезентативната историја прими три гола во прво полувреме на меч од квалификации за СП. Истотака прв пат Италија загуби на два меча по ред во квалификации за СП. Последниот меч од квалификации за СП го одиграа во баражот против Македонија кога во Палермо загубија со 0:1. Неславен рекорд е и тоа што прв пат не постигнуваат гол на три меча по ред во мундијалски квалификации.
По сите овие факти, селекторот Лучано Спалети го „запали алармот“.
„Треба добро да анализираме што се случи вечерва. Бевме премногу меки. За првиот гол, ја додадовме топката погрешно, иако имаше опција да се направат две различни додавања во близина. Индивидуално премногу често ја губевме топката во последната третина од полето за игра. Едноставно бевме под нашето ниво. Ќе разговарам и со челниците на Федерацијата“, рече селекторот Спалети на прес-конференцијата по поразот од Норвешка.