21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

По дебаклот од ПСЖ, тренерот Алонсо отпиша тројца играчи од Реал Мадрид

Реал Мадрид неодамна доби нов тренер. Чаби Алонсо седна на клупата на Кралскиот клуб и веднаш имаше голем предизвик, а тоа е настапот на Светското клупско првенство. Шпанскиот гигант стигна до полуфиналето, но таму беше елиминиран од Пари Сен Жермен, и тоа со убедливи 4:0.

На турнирот во САД, тренерот Алонсо доби првична слика околу екипата, а по дебаклот од ПСЖ имал состанок со претседателот на клубот Флорентино Перес. На тој состанок било донесена одлука дека тројца играчи се непотребни.

Покрај Лука Модриќ и Лукас Васкес, кои беше јасно дека си заминуваат, на листата на непотребни сега се најдоа Родриго, Дани Себалјос и Брахим Дијас. Овие тројца играчи минатата сезона имаа значајна улога кај тренерот Карло Анчелоти, но сега, по доаѓањето на Алонсо, тие тројца дефинитивно се во аут.

- Оглас -

Најнови вести