11.8 C
Skopje
среда, 26 ноември 2025

По дебаклот во Атина: Жељко Обрадовиќ поднесе оставка!

Кошаркарите на Партизан синоќа доживеаја пораз од 91-69 на гостувањето кај Панатинаикос. Домашните со серија од 25-0, од 52-50 до 77-50 ја направија клучната разлика, а Партизан сега падна на 18-тата позиција од 20 екипи во Евролигата.

Српските медиуми пренесуваат дека тренерот на белградските „црно-бели“, Жељко Обрадовиќ, денес си поднел оставка од морални причини. Раководството на клубот дополнително треба да ја разгледа оставката и да одлучи дали ќе ја прифати или не, но јасно е дека навивачите ќе застанат на страната на Обрадовиќ.

Шеесет и петгодишниот тренер ја презеде клупата на Партизан во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести