29.8 C
Skopje
понеделник, 15 септември 2025

По дебаклот во градското дерби, Аморим со порака: Нема да се менувам, нека ме сменат!

Нова сезона, но стари маки за Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи имаат само четири бода од првите четири кола и дури со седум примени голови, ја има една од најлошите одбрани. Затоа сè поголем е притисокот врз тренерот Рубен Аморим, кој во ноември 2024 година дојде на клупата на Манчестер јунајтед, заменувајќи го Ерик тен Хаг.

Она што особено ги фрустрира навивачите е тврдоглавоста и недостатокот на тактичка флексибилност на Аморим. Неговата формација 3-4-3/3-4-2-1 му донесе голем успех во Спортинг, но истата тактика се покажа како неуспешна на ‘Олд Трафорд’. Откако „Граѓаните“ лесно ги освоија сите три бода, новинарите го прашаа португалскиот стручњак зошто толку тврдоглаво инсистира на систем кој очигледно не дава резултати во Англија.

„Кога ќе прифатите дека вашиот систем не функционира тука?“ го праша новинарот, додавајќи: „Победивте само на осум натпревари во Премиер лигата. Лесно е да се игра против вас“.

Аморим, кој има само 18 победи во 47 натпревари како менаџер на „Црвените ѓаволи“, е свесен за своите лоши перформанси, но не се откажува од своите принципи. Тој рече дека нема намера да го промени својот пристап сè додека одборот што го донесе не одлучи да го отпушти.

„Тоа не е рекорд што треба да го имате во Манчестер јунајтед. Има многу работи. Немате поим што се случи во овие месеци, но јас го прифаќам тоа. Нема да се променам. Кога сакам да ја сменам мојата филозофија, ќе ја сменам. Ако не, мора да го смените човекот“, решително рече Аморим.

- Оглас -

Најнови вести