Судот во Бразил пресуди во корист на Новак Ѓоковиќ во спорот против организаторот на егзибицискиот меч од 2012 година, па српскиот тенисер сега треба да добие околу 630.000 долари. Пред девет години, градските власти во Рио организираа егзибициски меч меѓу Ѓоковиќ и Густаво Киртен.
Justiça fixa em mais de R$ 3 milhões dívida do Estado do Rio com Djokovic
https://t.co/4lyMyRn6zX— ge (@geglobo) August 17, 2021
Според првичниот договор, државната власт се обврзала на Ѓоковиќ да му исплати околу 1,1 милиони долари за тој меч против Киртен, во три рати. Првите две рати со вкупна вредност од 440.000 долари биле исплатени, но останале да се доплатат 630.000 долари. Сега бразилските власти ќе треба да му исплатат на Ноле уште 630.000 долари.
Ѓоковиќ претходните неколку дена одмораше во Црна Гора, а сега ги започна подготовките за стартот на Отвореното првенство на САД, последниот грендслем во сезоната кој започнува на 30 август.