По Луис Дијас и Нејмар, цел на криминалците во Јужна Америка се најде и семејството на Лионел Меси, поточно родителите на неговата сопруга Антонела Рокуцо.
Според аргентиските медиуми, во Росарио криминалци пукале во автомобилот во кој се наоѓале вработени во супермаркетот кој е во сопственост на таткото на Антонела. Притоа тие украле повеќе од 20.000 евра приход од продавницата.
Ова не е прв напад на таткото на Антонела. Во март годинава двајца вооружени напаѓачи истрелале 14 куршуми во супермаркетот и потоа оставиле порака за фудбалерот на која пишувало „Меси, те чекаме“.
На почетокот од месецов, во Колумбија беа киднапирани родителите на Луис Дијас. Мајката беше ослободена веднаш, додека татко му беше ослободен по 15-тина дена.
Минатата недела пак во Бразил имаше обид да се киднапира едногодишната ќеркичка на Нејмар.