По доаѓањето на Халанд, Бразилецот ќе ги спакува куферите од Манчестер, но прави супер трансфер во Лондон

Манчестер сити вчера и официјално потврди дека има постигнато договор со Борусија Дортмунд за трансфер на Ерлинг Халанд. Еден од најдобрите млади фудбалери во светот од следната сезона ќе го носи дресот на Граѓаните, и тоа за трансфер вреден 75 милиони евра.

Со доаѓањето на Халанд во Сити, ќе мора да си замине еден од напаѓачите, а тоа ќе биде Габриел Жесус. Бразилскиот репрезентативец е свесен дека веќе нема да ја има посакуваната минутажа кај Граѓаните, а интересно е дека медиумите во Англија веќе му најдоа и нов клуб на Бразилецот.

Арсенал е „загреан“ за да го доведе Жесус во своите редови, а како што потврди и Фабрицијо Романо, Топчиите веќе го направиле првиот контакт за остварување на овој трансфер.

Жесус во Манчестер дојде во 2017 година и за овие шест сезони одигра 234 меча, во кои даде 95 погодоци. Претходно играше само уште за Палмеирас во Бразил.

- Оглас -

Најнови вести