По доаѓањето на Пирло, дури 10 играчи се најдоа на трансфер листата!

Јувентус ја одбрани титулата во Италија, но не го освои Купот, а испадна и во осминафиналето од Лигата на шампиони. Ова за Старата дама се смета како неуспешна сезона, па затоа вчера беше сменет тренерот Маурисио Сари. Експресно на местото на Сари беше назначен Андреа Пирло.

Доаѓањето на Пирло за нов тренер е малку неочекуван потег, ако се знае дека тој нема речиси никакво тренерско искуство. Само пред 10 дена, Пирло беше промовиран како тренер во Б тимот на Јувентус со цел да стекне искуствно, но сега доби шанса да биде кормилар на сениорскиот состав.

Според „Газета дело спорт“, Пирло е подготвен да направи голема чистка во играчкиот состав. Се најавува дека дури 10 играчи ќе бидат ставени на списокот за заминување. Игуаин, Кедира, Матуиди, Коста, Рамзи, Бернардески, Де Шилјо, Ругани, Сандро и Данило ќе бидат на трансфер листата на Старата дама за ова лето.

Подготовките на Јувентус за новата сезона ќе започнат на 24 август, што значи дека кратко е времето за Пирло да направи тим со кој мисли во новата сезона да атакува на трофеите.

- Оглас -

Најнови вести