По дуелот со Барселона „леташ“ од тука

Борусија Дортмунд вчера едвај се спаси од пораз, но не и од срам против Падерборн. Милионерите при 0-3 се вратија во резултатски егал против една од најлошите екипи во Бундеслигата, но тоа не е доволно бидејќи Жолтиот ѕид очекуваше лесен триумф од екипата која ја поддржуваат.

Наместо конкурент за титулата, тимот на Дортмунд продолжува да разочарува, па управата ја најде вината во тренерот Лусиен Фавр. Како што известуваат германските медиуми, Фавр ќе добие отказ по дуелот против Барселона во Лигата на шампионите без разлика на резултатот. А, како да се очекува позитивен исход кога Милионерите гостуваат на „Камп ноу“, стадион на којшто ретко гостинските екипи приредуваат изненадување.

Фавр можеше и многу порано да добие отказ бидејќи раководството одамна го загуби трпението, но проблем е што не може да се најде соодветна замена. Сега тоа не е приоритет, ќе има привремено решение, а Фавр мора да си оди.

 

- Оглас -

Најнови вести