По два меча имаат гол-разлика 0-16, но многу им се игра на Светско клупско (Видео)

Кинескиот фудбалер Тонг Џоу кој игра за аматерскиот Окленд сити, беше една од ѕвездите на денешниот ден на Светското клупско првенство и тоа не поради некој потег или мајсторија на терен, туку поради нешто друго стана хит.

Играчот на новозеландскиот тим, покажа огромна желба за играње, и одбиваше на кратко да излезе од игра откако доби лекарска помош кога доби силен удар со топка во главата и можеби имаше потрес на мозокот.

Кога дозна дека сакаат и да го заменат, збесна и викаше: „Неее“! Добро сум!

На сакаше да ја пропушти шансата да игра против Бенфика и на крајот, лекарите му дозволија да се врати на теренот, попуштајќи на неговите молби.

- Оглас -

Најнови вести