Интересна комбинација од пет меча, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 35.85, нудат денешните Квоти на денот во Sport Life. Дамак гостува кај Ал-Ријад и не треба да загуби во дуел на кој двете екипи треба да постигнат барем по еден погодок, што носи коефициент од 2.10.
Ал-Етифак е голем фаворит на домашен терен против Ал-Хазм во дуел на кој би имало од 2-5 погодоци. Оваа комбинација носи квота од 2.15.
Брајтон и Тотенхем треба да одиграат дуел со погодоци во двете полувремиња, но не повеќе од три гола. Квотата за оваа комбинација е 1.90.
Арсенал е фаворит за победа против градскиот ривал Вест хем и тука би одиграле Топчиите да постигнат најмалку еден погодок во првиот дел, а барем два погодоци во текот на целата средба. Оваа комбинација се вреднува со 1.90.
Повеќе погодоци во второто полувреме отколку во првиот дел треба да има на пресметката од португалското првенство меѓу Естрела и Арука, што носи коефициент 2.20.